Почна судењето за спортските ваучери. Каевски, Мојсоски и Димески не се чувствуваат виновни

Екс директорот на Агенцијата за Млади и спорт Дарко Каевски неговиот наследник Наумче Мојсоски  , претседателот на МОК, Даниел Димевски и уште 9 други обвинети за злоупотреби со спортските ваучери се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, пренесе Телма.

Нивните адвокати ќе го побиваат обвинението со докази и сведоци а најавуват и сопствени вештачења наспроти обвинителството.

Во воведен говор и обвинителката Лидија Раичевиќ ја презентираше својата стратегија со која ќе го гради случајот .

Обвинението ќе го докажува со материјални докази,  над 25 сведоци и со вештачење според кое штетата на буџетот е над 5 милиони евра.

Бара од одбраната да се изјасни во кое својство ги предлага дел од сведоците.

Обвинетите и адвокатите очекувале денеска да слушнат на кои докази и аргументи се темели обвинението против нив.

Според одбраната центраната комисја не можела да прави злсоуптреби затоа што немале овластувања ниту да бодуваат пријавените ниту да ги распределуваат ваучерите .

Обвинителката најави дека ќе ги презентира доказите на следното рочиште закажано на 19 септември.

До тогаш ќе имаат можност да направат увид и  дел обивнети кои до сега немале можност

Back to top button
Close