Почна вакцинацијата на лицата со ретки болести
Денеска почна вакцинација на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести, информира Министерството за здравство.
Се вакцинираат и родителите и старатели на малолетните лица од овој регистар кој има околу 60 различни дијанози на ретки болести. Покрај овие лица ќе се вакцинираат и пациентите со Цистична Фиброза. Во оваа категорија ќе се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица со Цистична Фиброза. Вакцинацијата ќе се изведува во наредните неколку дена на вакциналните пунктови во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.
Неделава завршува и вакцинацијата на околу 2.000 пациентите кои се на дијализа, чекаат орган на листите за трансплантација, имаат трансплантиран орган или и самите се донори.