Почнува самитот на Г-7

 Во Велика Британија денеска почнува самитот на групата седум најразвиени земји (Г-7).

На самитот ќе присуствува и американскиот претседател Џозеф Бајден, кој е во посета на Велика Британија. Самитот на Г-7 ќе трае до 13 јуни.

Британскиот премиер Борис Џонсон очекува групата Г7 да донира милијарда дози вакцина против Ковид-19 на посиромашните земји за време на самитот.

Џонсон ја даде изјавата само неколку часа по ветувањето на американскиот претседател Џо Бајден дека САД ќе донираат 500 милиони дози вакцина Фајзер. Велика Британија ќе им даде најмалку 100 милиони дози вишок вакцина на најсиромашните земји.

Британскиот премиер веќе ги повика лидерите на Г7 да се посветат на вакцинирање на целиот свет до крајот на 2022 година и очекува да се разговара за донација од милијарда дози вакцина за време на тридневниот самит на групата во англиското приморско одморалиште Карбис Беј.

„Како резултат на успехот на програмата за вакцинирање во Велика Британија, сега можеме да ги дистрибуираме вишоците дози на оние на кои им се потребни. Исто така, правиме чекор кон пораз на оваа пандемија засекогаш”, наведоа во соопштение од Кабинетот на Џонсон.

Back to top button
Close