Почнува виртуелната „Недела против тероризам“ на ОН

Овогодинешната „Недела против тероризам“ организирана од Обединети Нации, ќе се одржи од денеска до 10 јули на виртуелен начин, а ќе учествуваат 122 земји, вклучувајќи ја и Русија.

Поради пандемијата на новиот коронавирус, прегледот на глобалната стратегија на ОН против тероризмот се одложи, а беше закажан да се одржи во јуни.

„Неделата против тероризам“ ќе ја отвори генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, а говор ќе одржи и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.

Оваа година темата е „Стратешки и практични предизвици во борба против тероризмот во време на глобална пандемија“, а настанот вклучува вебинар и интерактивна дискусија посветена на борбата против тероризмот.

Back to top button
Close