Почувствуван земјотрес во Скопје, епицентарот во Косово

Земјотрес беше почувствуван во Скопје вечерва во 22.05 часот.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 4,6 степени, а епицентарот бил на 47 километри од Скопје, во близина на Призрен во Косово.
Земјотресот е почувствуван во Македонија, Косово и Албанија.





