Поддршка за Кочани: Компресивна облека за 176 настрадани од пожарот

Граѓанската иницијатива Сапорт Кочани донираше 176 парчиња посебна компресивна облека наменета за луѓето кои го преживеаја пожарот во Кочани.Според изјавата на претставниците на Граѓанската иницијатива, цената на оваа набавка е 2.193.047 денари. Финансиските средства се целосно обезбедени единствено преку донации од граѓани, фирми и поддржувачи од државата и странство.

Со оваа акција, вкупната вредност на досегашните три пратки ја надминува сумата од 3,4 милиони денари. “Со оваа пратка се опфатени втората тура на нарачки од првите две групи корисници на компресивна облека,” информираат од иницијативата. Во оваа донација се обезбедени вкупно 176 парчиња, изработени по индивидуални мерки за секое од погодените лица.

„Благодарение на секој поединец, компанија и пријател кој се вклучи со своја донација, успеавме да ја обезбедиме оваа донација,” се наведува во соопштението. “Воедно, голема благодарност упатуваме до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000 кои овозможија квалитетна и навремена медицинска помош.”

“Солидарноста и хуманоста се силата што нè движи напред,” порачуваат од Граѓанската иницијатива Сапорт Кочани. Облеката веќе е доставена во Општата болница во Кочани, со цел да се овозможи соодветна рехабилитација и побрзо закрепнување на пациентите

Back to top button
Close