Поддршка за претседателот Пендаровски од речиси 15 партии


Претседателот Стево Пендаровски за кандидатурата за втор мандат, вчера доби поддршка од речиси 15 партии.

Посочувајќи дека претседателот Пендаровски е претставник на сите граѓани, без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност, зад претседателот Пендаровски застанаа коалиционите партнери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), односно Нова социјалдемократска партија (НСДП), Демократска обнова на Македонија (ДОМ), Либерално – демократска партија (ЛДП), Партија на пензионери (ПП), ВМРО Народна партија (ВМРО НП), Партија за движење на Турците во Македонија (ПДТ), Сојуз на Ромите во Македонија, Демократски сојуз на Власите, Партија за општествен и економски напредок (ПОЕН), Странка на демократска акција на Македонија (СДА), Социјалдемократска Унија (СДУ), Партија за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) и Партија за европска иднина (ПЕИ).

Претседателот Пендаровски искажува благодарност за укажаната доверба и за поддршката и во следните пет години да ја води државата на вистинскиот пат, кон европски животен стандард и европски вредности, економски напредок и стабилност, соопштија од неговиот кабинет.

Back to top button
Close