Подготвена тендерската документација за системот за управување со отпад во источните и североисточните региони

Подготвена е тендерската документација за инфраструктурниот проект „Воспоставување на интегриран самоодржлив регионален систем за управување со отпад во источните и североисточните региони“, финансиран од ИПА 2 Секторска оперативна програма за животна средина и климатска акција, информираше министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Како што рече, планирано е до крајот на неделава да биде доставена документацијата на одобрување во Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) и ДЕУ. Следен чекор е објавување на тендерот по што ќе следи 90 дена период за доставување на понудите од заинтересираните понудувачи и спроведување на евалуционата постапка.

 

Нуредини на денешниот брифинг со новинарите посочи дека се планира склучување на договорот и почеток на активностите за градба во втората половина на следната година.

 

Градежните работи опфаќаат изградба на централен објект за управување со отпад, изградба на шест претоварни станици и надзор на градежните објекти.

 

-Во подготвителната фаза е реализиран договорот за набавка на камиони за смет за општините – 58 возила, договор за набавка на контејнери за општините во источен и североисточен регион (околу 4 илјади контејнери) во вредност од 959.000 евра. Исто така, во тек е и реализација на проект за чистење на дивите депонии во источен регион, а наското треба да продолжи и во североисточниот регион, рече Нуредини.

 

Министерот на денешниот брифинг зборуваше и за стратешката инвестиција во ски-центарот Попова Шапка, при што рече дека инвестицијата треба да се реализира почнувајќи од следната година и ќе се реализира во шест инвестициски фази, од кои првата изнесува приближно 55 милиони евра.

 

-Во зонирањето на НП Шар Планина вложивме многу труд, трпение и знаење. Предвидовме бафер зона за ски-центарот за Попова Шапка. Попова Шапка во едно минато време беше предвзик за врвни имиња за зимските спортови, но за жал долгогодишното неинвестирање доведе до сериозно заостанување и неискористеност на бројните можности и капацитети за развој на туризмот што го нуди овој плански локалитет високо вреднуван и на европско и на светско ниво, рече Нуредини.

Како што рече, целта е да заштитат природните вредности, но и да се овозможи одржлив развој и ски центарот да се развие во европски каков што треба да биде согласно природните можности што се нуди.

-Привлековме интерес на врвна и реномирана европска компанија од Јужен Тирол, ТехноАлпин, кој што е светски лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признат експерт за дизајн на скијачки терени и скијалки зони и со 30 годишно искуство и 16 зависни друштва. Компанијата направи истражување и достави сериозна понуда која на последната седница Владата ја прифати како стратешка инвестиција.Планирано е компанијата да го презентира менаџмент планот, појасни Нуредни.

Најважно е, како што рече, дека опфаќа инвестирање во инфраструктурата – паркиралишта, сместувачки капацитети, обновување и поставување на два нови ски лифтови и скијачки патеки и поставување на машини за правење вештачки снег, со што скијачката зона ќе се продолжи и нема да зависи од временските услови.

 

Back to top button
Close