Подгответе се: Нè очекува невреме
По убавото време и високите температури, УХМР најавува промена на времето. Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, а минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно, топло и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на краткотрајно невреме