Поднесена кривична пријава против Орце Ѓорѓиевски за дозволување дивоградби во Драчево — кандидатот за градоначалник на Скопје негира вина

Во Основното јавно обвинителство – Скопје е поднесена кривична пријава против градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Тој е товари за непостапување по службена должност и толерирање дивоградби во населбата Драчево, покажува документацијата до која дошла редакцијата на „Слободен печат.

Според поднесената кривична пријава, Ѓорѓиевски се товари дека во периодот од февруари 2023 до мај 2025 година ги пречекорил службените овластувања и свесно толерирал бесправно градење на две локации во населбата Драчево.

Вториот случај опфаќа два објекта на „Скопски пазар“ – конкретно објекти 5 и 6 – изградени во рамки на новиот пазарен комплекс, но надвор од дозволените габарити и спротивно на важечкиот детален урбанистички план (ДУП). Пријавата наведува дека Ѓорѓиевски, иако знаел дека градбата се изведува надвор од дозволените линии, не го стопирал процесот и дозволил објектите да бидат довршени и пуштени во употреба.

Притоа, тој наводно иницирал промени на урбанистичкиот план со цел легализација на дивоградбите, со што, според пријавата, повторно постапил спротивно на закон и овозможил незаконито стекнување корист на приватен субјект.

Повеќе

Back to top button
Close