Поднесена кривична за загрозување на сигурноста на д-р Шаини во Куманово. Сопругата пуштена од притвор.

Во врска со пукањето кон доктор Зекирија Шаини во Куманово, поднесена е кривична пријава за загрозување на сигурноста.

„До Основното јавно обвинителство Куманово денеска е доставена кривична пријава за загрозување на сигурноста против едно лице, како и за поттикнување при извршувањето на тоа дело против поранешна сопруга на оштетениот.

Пријавата се однесува на претходно испратени заканувачки пораки и закани, додека индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето се уште се проверуваат.

Надлежен јавен обвинител постапува по пријавите и презема дејствија“ соопштија од ОЈО.

Полициски службеници ја лишија од слобода 43-годишната А.А. од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг.

Сопругата на др Шаини вчера како што соопштија од Кумановското обвинителство била ослободена од притвор бидејќи немало докази да се поврзе нејзино учество во обидот за убиство.

Полицијата трага  по Љ.Ф.(36) од Гостивар, кој е осомничен како директен извршител на нападот и кој се уште е во бегство.

Back to top button
Close