Поднесени нови приговори до ДИК за сумирање и утврдување на резултатите

 До ДИК се пристигнати нови приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите.

Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива поднела 77 приговори.

Претходно до синоќа беа поднесени 82 приговара.

Вечерва во 19 30 завршува 48- часовниот рок за поднесување приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето, а синоќа во 21 часот заврши рокот за поднесување пригвори за постапката за гласање.

СДСМ најави дека нема да поднесе приговори за овие избори. Најавени се приговори од други политички партии,но тие се уште не се пристигнати до ДИК.

Back to top button
Close