Поднесени пријави за поставување песок на плажата „Сараиште”

Комунални инспектори заедно со комунални редари и инспектор за животна средина при Општина Охрид извршиле увид на плажата „Сараиште” каде беше истурена ситна песок при тоа уништувајќи ја автентичноста на плажата, соопшти денеска општинската прес-служба.

– Инспекторите изготвија записник за затекнатата состојба и на сторителите, кои го поставиле песокот им поднесе соодветни пријави, додека песокот во краток временски период ќе биде отстранет, стои во информацијата.

Заштитата на Охридското Езеро и неговата автентичност, според Општина Охрид, треба да биде обврска на секој поединец, а не само на надлежните институции.

Back to top button
Close