Поднесени седум нови иницијативи до Уставен суд

Во периодот од 18.04 до 09.05 2022 година до Уставниот суд се поднесени седум иницијативи и по нив се оформени предмети кои се предадени да се работат кај советници на Судот и судии, информираат од Уставен суд.

Од поднесените иницијативи се оспоруваат членови од Законот за административни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, Правилник за систематизација, односно за одредби од Законот за урбанистичко планирање, Законот за судски совет на Република Северна Македонија и за одредени членови од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. о

Back to top button
Close