Поднесено обвинение против таткото на Хусеини од Вреди кој лани сексуално вознемируваше дете!

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против 59 годишен маж кој е обвинет за полов напад врз малолетно лице.

Според информациите, тој минатата година на 24 август во парк на територија на општина Чаир, почнал да допира малолетно 15-годишно дете, по што детето му ја фатило раката и му се заканило дека ќе повика полиција.

По овој настан, обвинетиот се обидел да избега и се сокрил во влез од зграда, по што детето ја затворило вратата од влезот и повикало полиција која го привела мажот.

Против обвинетиот во сила се и мерки на претпазливост кои му ги одредил судот, а кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиште, одземање на пасошот, обврска за јавување кај надлежен државен орган и забрана за каков било контакт со оштетената страна.

Лани, кога се случи настанот, се прошири информацијата дека се работи за таткото на портпаролот на коалицијата Вреди, Фари Хусеини, кој пак ги потврди наводите и привремено се повлече од функцијата.

„Ако овие наводи се покажат точни, тоа ќе биде страшен удар, не само за мене, туку и за целото мое семејство. Само помислата дека се соочувам со ова ми ја крши душата. Како луѓе, ние сме одговорни само за нашите сопствени постапки и вредностите за кои се залагаме, но тоа не ја менува мојата решеност да дејствувам. Затоа, за да не создадам некакво недоразбирање или погрешен впечаток, решив привремено да ги замрзнам моите политички активности. Не сакам од функцијата што ја имам да изгледам дека можам на кој било начин да влијаам врз институциите кои го истражуваат ова чувствително прашање. Цел мој живот сум активист за човекови права, борејќи против неправдата и насилството. Не можам да бидам индиферентен, без разлика од каде потекнува. Исто така, во овие тешки моменти, понизно барам да се почитува приватноста на моето семејство. Ни треба простор за да се соочиме мирно со оваа ситуација, далеку од очите на јавноста“, напиша Хисени тогаш (4news.mk)

Back to top button
Close