Подољак: Техничка пауза во преговорите меѓу Русија и Украина, ќе продолжат утре

Четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина е прекината за денеска и ќе продолжи утре, изјави еден од украинските преговарачи Михаил Подољак.

„Направена е техничка пауза во преговорите до утре. За дополнителна работа во работни подгрупи и појаснување на поединечни дефиниции. Преговорите продолжуваат”, напиша Подољак на Твитер.

Денеска започна четвртиот круг преговори меѓу Русија и Украина, а Подољак претходно изјави дека се водат тешки разговори.

Back to top button
Close