Подобрена ситуацијата со пожарите во Грција – активни се на Пелопонез и Хиос

Подобрена е ситуацијата во сите пожари по битката што во текот на ноќта ја водеа противпожарните сили, информираше утрово портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, објаснувајќи дека активни остануваат пожарите во регионот Ахаија на Пелопонез и на островот Хиос, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Ватракојанис, на островот Закинтос и во околината на Превеза во западна Грција „во моментов нема активен фронт“, а противпожарните служби се справуваат само со расфрлани жаришта и продолжуваат да интервенираат воздушните средства.

 

Активни остануваат жариштата во Ахаија и на Хиос.

На островот пожарот е во непристапни области во северозападниот и североисточниот дел.

– Се очекува и да биде многу тежок, бидејќи за повеќето региони во земјата е предвиден многу висок ризик од пожари. Упатуваме силна препорака за избегнување на активности што би можеле да предизвикаат пожар. Силите на Противпожарната служба, како и сите сили на цивилната заштита, остануваат во состојба на целосна готовност, рече Ватракојанис.

Back to top button
Close