Поевтинуваат горивата – ова се новите цени 

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,94% во однос на одлуката од 29.12.2025 година.

Од 06.01.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,00(денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 32,801(денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98иЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит,.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,848 ден/кг и сега ќе изнесува 32,801ден/кг

Back to top button
Close