Поезија од Митко Гогов објавена во Германија и Хрватска

Селекција од поезијата на Митко Гогов, концептуален уметник, поет и граѓански активист од Струмица, деновиве е објавена во Германија, во списанието за култура, литература и уметност „Рајбајзен“, во превод на Маргарит Жеков.

Поезија од Гогов е објавена и во Хрватска во електронското списание за литература „čovjek-časopis“, чиј уредник е Жељко Белиниќ, a преведена од Борјана Прошев-Оливер.

Митко Гогов (1983) пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во повеќе земји во Европа, но и во Индија, Пакистан, Филипини, Кина, Тајван, Египет, САД, Аргентина, Русија, Израел, Мексико…

Автор е на збирките поезија „Ледена вода“ (2014) и „Скриено писмо“ (2019), во издание на издавачката куќа „Антолог“.

Back to top button
Close