Погба на клупа за дербито со Тотенхем

 Оле Гунар Солскјер планира да го остави Пол Погба на клупата барем на почетокот на мечот со Тотенхем во петок, според гласините околу тимот.

Очекувањата беа дека Французинот ќе формира тандем со новиот додаток Бруно Фернандеш, откако двајцата одиграа многу добро во контролната против Вест Бромвич неодамна.

Поради повеќе повреди на глуждот, Погба има само два настапи од септември и сега се претпоставува дека Солскјер нема да брза да го враќа во почетниот состав.

Навивачите се надеваа дека двајцата ќе играат заедно веднаш, но Солскјер претпочиташе да започне со оние кои добро напредуваа пред паузата, имено Фред, Скот Мектомини и Немања Матиќ.

Фернандеш има 3 гола и три асистенции од влегувањето во тимот во февруари, а Погба дефинитивно би можел да биде џокер во потрагата на „црвените ѓаволи“ да стигнат до место кое ги носи во ЛШ.

Back to top button
Close