Погба: Јунајтед веќе е вистински тим

– Пол Погба е задоволен од напредокот постигнат од Манчестер Јунајтед. Според него, екипата веќе има правилен баланс и оди во вистинската насока.

– Може да го наречете вистински тим. Понекогаш порано бевме премногу дефанзивни или премногу офанзивни и го немавме тој баланс и контрола. Сега, гледате дека веќе имаме рамнотежа. Напредокот е огромен, рече Погба.

Денес, црвените ѓаволи се домаќини на Саутемптон. Доколку не загубат, тие ќе запишат серија од 17 последователни натпревари без пораз на сите турнири, што е најдобро вакво достигнување во последниве седум години.

Успехот против „светците“ ќе ги искачи на третото место во пласманот.

– Има уште работа да се направи. Ние не сме комплетен тим, но ние сме на вистинскиот пат. Ако продолжиме вака, мислам дека нема што да не спречи да бидеме таму каде што треба да бидеме. Се чувствуваме одлично. Тоа е менталитетот кога имате добри резултати. Секој натпревар е финале и треба да го постигнеме потребниот резултат. Тоа е пристапот, додаде Французинот.

Покрај битката во лигата, Јунајтед продолжува да игра во ФА Купот и Лига Европа.

– Во Јунајтед се се врти околу трофеи, тоа го знаеме. И има трофеи за кои знаеме дека можеме да ги освоиме, рече Погба.

Back to top button
Close