Поголем дел од пекарите ја зголемија цената на лебот од три до пет денари

Во Штип, но и во останатите градови во источниот регион цената на лебот е зголемена од три до пет денари. Пекарот Николче Малинов потврдува дека лебот веќе се продава во пекарите и во продавниците со повисока цена, од причина што изминатиот период драстично е зголемена цената на производството на еден леб.

-Постојано се зголемуваат цените на енергенсите, гледате дека цената на нафтените деривати и на струјата е зголемена, а тоа влијае врз нашето производство. Доколку не се покачеше цената на лебот и на пекарските производи, многу од пекарниците ќе го стопираа пропизводството, вели Малинов.

Посочи дека неговата пекарница за да не им наштети на своите муштерии ја има зголемено и грамажата на лебот, претходно нивниот леб бил со грамажа од 400, а сега е 450 грама.Во моментов низ продавниците и пекарите лебот се продава по различна цена, на рафтовите има леб од 25, 30 и од 35 денари, во зависност од грамажата и типот на лебот.

Извор МИА

Back to top button
Close