Погребан Панчо од „ДНК“
16.10.2025 16:11
2,815 Читање помалку од 1м

Семејството, роднините, пријателите и фановите на починатиот македонски пејач Владимир Блажев – Панчо, денеска се простија од него.
Опелото за музичарот се изврши во црквата Свети Илија во населбата Аеродром во Скопје, а потоа беше погребан на Градските гробишта Бутел.
Голем број ужалени денеска беа во црквата Свети Илија за да го кажат последното збогум за Панчо, меѓу нив и многу јавни личности.
Владимир Блажев – Панчо е 63-та жртва на страшната трагедија што се случи пред точно седум месеци во дискотеката „Пулс“ во Кочани.