Показателите во Франција се лоши, судбината на епидемијата е во наши раце, тврди Жером Саломон

Генералниот директор за здравство на Франција Жером Саломон, изрази прилична загриженост изутринава во интервјуто за радиото Франс Интер. Според него, индикаторите во врска со ширењето на коронавирусот се влошуваат, јави дописникот на МИА.

Јавното здравство на Франција соопшти дека повеќе од 2.600 нови случаи на заразени со Ковид-19 биле идентификувани во само 24 часа. Бројки кои го загрижуваат генералниот директор за здравство, Жером Саломон.

-Сигналите се многу загрижувачки и ситуацијата се влошува недела по недела. Но нема фатланост. Судбината е во наши раце затоа што денес имаме алатки за превенција. Французите ги знаат, тоа е миење на рацете, почитување на растојанието од еден метар, носење маска и недоверба кон се што може да ги стави во опасност: гужви и големи настани, каде што растојанијата не можат да се почитуваат и каде знаеме дека можеме да имаме изложеност на вирус, рече тој.

Жером исто така тврди дека француските власти сега „добија многу во капацитетот за следење“ во последните неколку недели.

-Капацитетот за тестирање стана важен благодарение на многу силната мобилизација на лабораториите и на сите здравствени работници. Денес правиме околу 100.000 тестови на ден, повеќе од 600.000 неделно. Ова ни овозможува подобро да ја следиме ситуацијата отколку кога бевме во март, рече тој.

Според јавното здравство на Франција, стапката на позитивноста на тестот била 2,3 отсто во четвртокот, 13 август. На истиот датум, 233 кластери беа под истрага (+28 за 24 часа), хоспитализирани се 4864 пациенти (од кои 374 на интензивна нега и 18 нови смртни случаи биле регистрирани во болницата во последните 24 часа).

Back to top button
Close