Покрената петицијата за разрешување на Груби и неговите министри

„Огнената група“ ја покрена онлајн петицијата за разрешување на вицепремиерот, Артан Груби, и останатите министри од редовите на ДУИ. Петицијата е покрената поради, како што велат од таму, лошо менаџирање, неспроведување на изборната програма и застранување од поставените цели.

-Со петицијата, даваме можност за секој граѓанин, и наш активист и структурите на ДУИ, да можат слободно да се изјаснат и тоа да биде плус алатка за информирање на нашиот претседател дека тоа што го кажуваме го мисли и мнозинството на членството. Конкретна бројка немаме – изјави денеска Башким Хасани од „огнените“.

Back to top button
Close