Полесно повреден возач при излетување на автомобил на автопатот Тетово-Гостивар

– Триесет и едногодишник од крушевското село Нерово е полесно повреден при денешната сообраќајна незгода што се случи на автопатот Тетово-Гостивар.  Сообраќајката се случила околу 16 часот и 30 минути на автопатот кај клучката за излез кон Камењане.

-Во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила. Мерцедес со германски регистерски ознаки што бил управуван од Н.У (55) од село Дебреше, гостиварско и БМВ со крушевски регистрации што го возел Е.А (31) од селото Норово. Во незгодата БМВ-то излетало од коловозот, по што лесни повреди добил возачот кој бил сам во автомобилот. Возачот на мерцедесот кој исто така бил сам во возилото, не е повреден, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница, повредениот бил вратен на местото на незгодата.  Увид се врши од службеници на СВР Тетово.

Back to top button
Close