Полесно повредени руски дипломати во експлозија на возило во Кабул

Вработени во руската амбасада во Кабул претрпеле помали  контузии во експлозија во близина на автомобилот на нивната дипломатска мисија, јавија руските медиуми.

-Експлозијата била предизвикана со активирање на импровизирана експлозивна направа, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Инцидентот се случил во близина на комплексот амбасади во главниот град на Авганистан, јавија руските медиуми.

Според првичните проценки, цел на терористичкиот напад можно е да бил и пикап на авганистанските безбедносни сили, што се движеле пред дипломатско возило. Меѓутоа, не се исклучува и можноста руските дипломати да биле цел на терористички напад, наведуваат руските медиуми.

Back to top button
Close