Полицајци цели три месеци му допишувале дополнителни работни часови на колега за да земе поголема плата

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални истраги при МВР поднесе кривична пријава против М.С., А.Д., Л.И., В.Т., Н.М. и Н.Ќ., сите вработени во Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавените, во периодот од 18.12.2021 до 21.02.2022, изготвувале службени белешки и наредби за работа подолга од полното работно време во кои го допишувале првопријавениот, иако знаеле дека не бил присутен при преземањето на службени дејствија во случаите на кои биле ангажирани и на тој начин го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи.

 

 

Back to top button
Close