Полицајци на пешачки со мобилни телефони го прекршуваат Законот, наместо да го спроведуваат: „За нив не важи“

 

Фотографија на која полициски службеници користат мобилни телефони додека поминуваат на пешачки премин предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Ова се случува само неколку дена откако стапија во сила новите законски измени со кои пешаците се казнуваат доколку преминуваат улица со мобилен телефон или со слушалки на ушите.

Следуваат дел од коментарите на граѓаните:

 

„Ама овие се на обука за лежечки полицајци, не се однесува на нив законот.“

 

„Добар пример за сите останати да си продолжат по старо.“

 

„Тие претставуваат пример за граѓаните. Неселективно казнување иако ова не е приоритетен проблем за градот…“

 

Казните се високи!

Со измените на Законот за безбедност на сообраќајот, кои важат од 26 септември 2025 година:

 

Пешак што преминува улица користејќи мобилен телефон или слушалки може да биде казнет со 40 евра.

 

За велосипедисти кои го прават истиот прекршок е предвидена глоба од 50 евра.

 

Мерките се воведени со цел да се зголеми вниманието на учесниците во сообраќајот и да се намалат несреќите предизвикани од невнимание.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close