Полицајци нападнати во битолската болница
На 29 јуни 2025 година, околу 17:35 часот, додека полициски службеници од СВР Битола вршеле службена асистенција на медицинскиот персонал, биле физички нападнати од лицето Д.К. (27) од Битола. Нападот се случил во просториите на Клиничката болница Битола.
– Од страна на полициски службеници, веднаш беше преземена акција за совладување на напаѓачот, кој беше лишен од слобода. За настанот е известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Битола.