Полицаец и се заканувал на Данела Арсовска на социјалните мрежи

Градоначалничката на Скопје – Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ се заканува на социјалните мрежи.

На Фејсбук Арсовска напиша дека по нејзино прашање дали се работи за закана или ѝ се причинило, Алили го избришал коментарот.

-„Синан Алили кога го прашав дали ми се заканува или така ми се чини инстант го избриша коментарот. Сигурно од Министерство за внатрешни работи и Панче Тошковски се исклучително горди на овој свој полицаец. И сега да прашам, ми препорачува Синан да бидам добра и глас да не ми се слуша. А ако според него не сум и не молчам тогаш што“, прашува Арсовска.

 

Имаше прашање и до министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски.

„Овие кадри треба да ни ја гарантираат безбедноста Панче? До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега полиција се заканува, што е следно? Да, жена сум и не ви се плашам, ама дека не постапувате и штитите криминалци кои со фалсификат документи имаат стекнато над 150 згради вредни милиони, гледа народ“ пишува Арсовска.

Back to top button
Close