Полицаец одзел мобилен телефон на новинарка и бришел фотографии, МВР ќе го испита случајот

Полициски службеник на СВР Велес денеска и го одзеде мобилниот телефон на новинарката Стефани Манева од веб порталот Дума.мк и ги избриша двете фотографии што таа ги фотографираше додека извршуваше работна задача пред мост „Гемиџии“ во Велес. Настанот се случи додека новинарката Манева работеше на собирање информации за веста „Товарен воз прегази човек во центар на Велес“, извести порталот.

МВР во реакција за случајот вели:

„Случајот што го посочувате ќе биде испитан и доколку се утврди несоодветно постапување на полицискиот службеник, ќе биде содветно санкциониран, а вие ќе бидете информирани. Министерството за внатрешни работи е сериозно посветено на соработката со медиумите, за што сте сведоци и во изминатиот период. Партнерскиот однос меѓу МВР и новинарите е во интерес на граѓаните и ние сме посветени на оваа соработка со сите медиуми, вклучувајќи го и вашиот медиум, со кој до сега имавме одлична соработка, а се надеваме дека така ќе продолжи и во иднина“.

Повеќе информации на Дума.мк на следниот линк.

Back to top button
Close