Полицаецот кој што во работно време сексуално вознемирил девојка сеуште неидентификуван

Иако од МВР вчера го потврдија за ПОРТАЛИКС случајот каде што полициски службеник во работно време сексуално вознемирувал младо девојче, лицето сеуште не е идентификувано .

Во одговор до нашата редакција од ОЈО изјавија дека случајот е во предистражана постапка .

“Предметот за кој покажувате интерес е во предистражана постапка и по него постапува јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Станува збор за сексуално вознемирување од еден неидентификуван полициски службеник и во моментот се прибираат докази за расветлување на случајот. Со оглед на сензитивноста на случајот не можат да се споделат повеќе детали.”-изјавија од ОЈО

Back to top button
Close