Полицаецот за кој се шпекулираше дека е во бегство сам се пријавил во станица, семејството тврдеше дека е дома но никој не го побарал

Полицаецот по кој се трагаше во врска со истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, утрово се пријавил во полициска станица, потврдуваат од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.

Според информациите, веднаш по неговото појавување, бил спроведен пред надлежен судија на претходна постапка, каде ќе му биде одредена понатамошната мерка согласно барањето на Обвинителството.
Овој случај е дел од пошироката истрага во која се опфатени вкупно 48 лица – 45 физички и 3 правни, осомничени за тешки дела против општата сигурност. Пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 61 лице, а беа повредени речиси 200 лица, ја потресе јавноста и поттикна обемна истрага и кривични постапки против низа поранешни и актуелни функционери.

Back to top button
Close