Полиција приведе маж и жена од Србија – се степале на скопскиот аеродром

Двајца српски државјани се приведени вчера на Меѓународниот аеродром во Скопје откако претходно се степале.

-Вчера во 18.40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.Ј.(41) и 28-годишната К.Ј.(28), двајцата од Република Србија, затоа што по претходно недоразбирање го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР

Back to top button
Close