Полицијата бара одговор зошто мајката на Данка ги шетала децата при обилни врнежи. Истрагата се шири на Борското езеро

Потрагата по Данкa Илиќ (2), кој во вторникот на 26 март во 13 часот исчезна во Бањско поле кај Бор, сега влегува во петти ден.

И покрај напорите на полицијата, пожарникарите, другите спасувачки служби и бројни граѓани, судбината на двегодишното девојче се уште е мистеријa.

Додека цела Србија се прашува каде е Данка Илиќ, нејзината мајка Ивана деновите ги поминува во полициска станица каде во четири наврати со часови била испрашувана за сите важни детали поврзани со исчезнувањето на нејзината ќерка.

 

Друга причина за повеќечасовните разговори со полицијата е тоа што на инспекторите им бил чуден фактот што ги прошетала Данка и нејзиниот постар син кога врнел силен дожд.

Како што објави вчера „Блиц“, по увидот во тунелот долг 4,5 километри, пожарникарите се подготвени да ги прегледаат сите водоводни и канализациони системи кои водат до езерото Бор, а можеби ќе треба да го прочешлаат и целото езеро.

Back to top button
Close