Полицијата бркаше навивачи од натпреварот МЗТ-Еуро Никел, откако ги окупираа трибините и одбиваа да ја напуштат салата

 

Речиси цела трибина навивачи има во салата „Јане Сандански“, иако присуство на навивачи не е дозволено на натпревари во затворени сали. Присутните на мечот меѓу МЗТ Скопје и Еуро Никел од Кавадарци, се во салата од почеток на натпреварот. Интервенираше и полицијата, јави А1 он.

Непознато е кој дозволи навивачитe да влезат на трибините, а натпреварот беше прекинат. Ова следува откако полицијата се обидуваше да воспостави ред и да ги спроведе протоколите, односно со опомени да ги извади навивачи надвор. Но, безуспешно. Нема информација дали се изречени и казни.

Ова е првиот натпревар од финалната серија во првата македонска кошаркарска лига. МЗТ е домаќин на натпреварот, а сопственик на клубот е Општина Аеродром.

Back to top button
Close