Полицијата фати криминалец баран со меѓународна потерница
30.07.2021 11:13
330 Читање помалку од 1м
Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – ОКР Кисела Вода, утрово во 06:45 часот, заедно со Специјалната антитерористичка единицa, во угостителски објект во Арачиново го лишиле од слобода С.Ј. (43) баран со потерница, информира Министерството за внатрешни работи.
С.Ј. се барал по распишана меѓународна потерница и наредба издадена од Казнено-поправната установа Идризово, за доиздржување на казна затвор од три години пет месеци и осум дена.
МВР информира дека тој бил осуден на затворска казна од вкупно шест години и шест месеци за недозволена трговија со наркотици, член 215, страна три од Кривичниот Законик.
Тој ќе биде предаден во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување на казната.