Полицијата ги растера учесниците во протестот против францускиот предлог

Припадниците на полицијата вечерва пред Собранието на Република Северна Македонија почнаа да приведуваат учесници во протестот против францускиот предлог откако дел од нив почнаа да фрлаат петарди, димни бомби и други предмети кон специјалците и ја урнаа оградата пред законодавниот дом.

 

Откако ескалираше однесувањето на дел од учесниците, полицијата во неколку наврати им се спротивстави и успеа да ги растера од пред Собранието и да ги потисне кон паркот Жена борец.

Според припадници на полицијата од терен за МИА, тројца припадници на МВР се повредени, а едно полициско возило е оштетено. Од МВР потврдија дека има повредени полицајци како и приведени лица, но сè уште не се знае точната бројка.

 

Вечерва е четврти ден од одржување на протестниот марш против францускиот предлог. Демонстрантите вообичаено се собраа пред Владата, па потоа преку Министерството за надворешни работи пристигнаа до Собранието.

Back to top button
Close