Полицијата го пронајде лицето од Старо Нагоричане кое исчезна пред еден месец

 

Полицијата го пронајде 47-годишниот жител на Општина Старо Нагоричане, кој пред повеќе од еден месец беше пријавен дека се оддалечил од домот, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во 20:00 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го пронашле Б.П. (47) од село Ругинце, општина Старо Нагоричане, за кој на 11 мај годинава беше пријавено дека се оддалечил од домот, соопшти СВР Куманово.

Лицето било предадено на семејството.

Back to top button
Close