Полицијата изврши претрес кај Палевски со цел да одземе “бомби”
Полицијата вчера вечер изврши претрес во карантинот во хотелот ВИП каде што е сместен Љупчо Палевски како и во куќа во општина Центар која е во сопственост на сопругата на Палевски, пренесе Нова.
Претресот е извршен по налог на јавното обинителство со цел да се запленат електоронски записи со нелегално прислушуван матерјал.
Информацијата ја потврдува и самиот Љупчо Палевески во видео запис објавен на неговиот ФБ профил.
Според Палевски оваа акција на полицијата уследила по , како што вели Палевски, приватна кривична пријава од Сашо Мијалков кој посочил дека Палевски поседува нелегално прислушуван матерјал. Како што вели Палевски одземена му е електронска опрема: телефони, комјутер и дискови.
“Бараа бомби кои јас не ги пуштам и не ги поседувам” вели Палевски.
Инаку Љупчо Палевски неодамна беше ослободен од притвор во Белград каде што престојуваше девет месеци. Палевски беше притворрен во Белград по потерница од хрватската полиција а по обвинение дека извршил кривично дело за време на неговиот престој во Хрватска.
…