Полицијата лиши од слобода велешанец, среде градот возел 109 километри на час
На улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, вчера во 08:12 часот го лишиле од слобода 24 годишниот велешанец С.Ј. од Велес.

Од Антоанела Димитриевска, Велес
13:13, 15 ноември, 2025
Полицијата лиши од слобода велешанец, среде градот возел 109 километри на час
Велес,15 ноември 2025 (МИА) – На улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, вчера во 08:12 часот го лишиле од слобода 24 годишниот велешанец С.Ј. од Велес.
Како што информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, при контрола на патниот сообраќај со радар полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 109 километри на час во населено место каде што максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час






