Полицијата откри и приведе жена кој заедно со нејзината пријателка сакала да внесе дрога во затворот во Штип

Две жени едната од Свети Николе, а другата од Штип се приведени во полициска станица откако едната од нив се обиде да внесе марихуана во штипскиот затвор, а марихуана е пронајдена и во домот на втората.

Полицијата соопшти дека е лишена од слобода Б.М.(44) од Свети Николе.

„Таа околу 13 часот во Казнено – поправната установа Затвор Штип се обиде да внесе пакет со храна на осудено лице, во кој имаше прашкаста материја, која е пронајдена при претрес од затворската полиција“, соопшти полицијата.

Во врска со настанот во затворот, полицијата ја лиши од слобода и В.К.(46) од Штип.

„При претрес во нејзиниот дом и помошни простории во Штип, извршен со судска наредба, е пронајдена марихуана“, се вели во соопштението.

Пронајдените прашкаста материја и марихуана се одземени, а во координација со  Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против Б.М. и В.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close