Полицијата прекина протест на Куба

Кубанските власти го запреа протестот на група дисиденти, уметници, академици, новинари и активисти откако упаднаа во просторијата каде демонстрантите штрајкуваа со глад поради, како што тврдат, ограничувањата на граѓанските слободи.

Властите соопштија дека морале да интервенираат доцна синоќа за да спречат потенцијално ширење на коронавирусот, додека демонстрантите велат дека тоа е „апсурден“ изговор за прекинување на протестот со кој се кршат правата во еднопартиска држава.

Според независната новинарка Илијана Фернандез, која се уклучи во живо преку Фејсбук, полициските сили насилно влегле во просториите и ја скршиле вратата. Околу еден час по полноќ, од штабот изјавија дека сè уште не контактирале со тројца од 14-те приведени.

Движењето Сан Исидро, основано во 2018 година, стана познато на јавноста откако повика на протест преку социјалните мрежи, обединувајќи ги опозиционерите во Куба кои се спротивставуваат на новиот указ за ограничување на слободата на говорот.

Back to top button
Close