Полицијата привела 22 противници на парадата на гордоста во Белград.Одреден им е притвор (ВИДЕО)

Во Белград уапсени се четворица мажи кои нападнале полицајци за време на протестниот марш против Еуропрајд и им е одреден притвор од 48 часа.

Веднаш штом излегле на улица, десничарските демонстранти се тепале со припадниците на јавниот ред и мир, кои се обиделе да ги задржат, пренесува Телеграф.

Како што дознава Телеграф, мажите биле во друштво на православен монах кој исто така е приведен.

Од парадата против Европрајд досега се приведени 22 лица, а еден од нив имал нож.

Во меѓувреме, пред почетокот на парадата на гордоста, од други градови во Србија пристигнуваат дополнителни полициски сили.

Back to top button
Close