Полицијата санкционираше 167 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 13 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 14 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за вградени неатестирани фолии-затемнети стакла…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта

Back to top button
Close