Полицијата се судри со демонстранти пред српскиот Парламент

 Граѓани во Белград кои се собраа вечерва пред српскиот Парламент, незадоволни од повторното воведување полициски час, ги пробија вратите на Парламентот и влегоа во зградата.Според локалните медиуми, полицијата употребила сила во обидот да ги спречи.

Стотици граѓани се собраа вечерва поради најавата дека од петок ќе биде воведен полициски час со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Граѓаните го запреа сообраќајот во близина на платото пред Националното собрание на Србија.

Граѓаните извикуваат „Вучиќ крадец“, „Оставки“.

Демонстрантите ги повикуваат студентите и сите оние кои, како што велат, се грижат за иднината на својата земја да се соберат пред Собранието. зш/

 

Back to top button
Close