Полицијата сеуште трага по 29 годишниот Велешанец кој на пешачки ја усмрти малата Магдалена

Велешанецот Ангелчо Н. (29) кој во саботата вечерта со своето возило мерцедес во близина на Основното училиште Васил Главинов во Велес удри во 11-годишната Магдалена и ја усмрти, а нејзината мајка Е.И. (43) тешко ја повреди, се уште не е пронајден. Тој веднаш по сообраќајката побегнал, и полицијата трага по него. Неговото возило беше пронајдено, а потрагата по него продолжува.

Од СВР Велес за „Фокус“ потврдуваат дека се уште се трага по возачот, и најавија повеќе информации за случајот во тек на денот. Настанот, кога на пешачки премин невино дете кое уредно ја преминувало улицата заедно со своите родители го изгуби животот, а мајката заврши со тешки телесни повреди, ја вознемири целата јавност.

Back to top button
Close