Полицијата трага по момчето кое се фалеше дека пали шума

Полицијата добила пријава и ја испитува снимката на тинејџер кој се снимал како предизвикува пожар и со тоа се пофалил на социјалните мрежи. Од МВР велат дека се испитува точниот снимката и учесниците на неа.

„Нa 4 август 2020 до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР на Република Северна Македонија, преку сервисот „Црвено копче“ пристигната е пријава за лице кое на сервисот за споделување на видеа ТИК ТОК се снима додека врши палење на јавни површини. Пријавата е доставена до СВР Скопје, како надлежна организациона единица која постапува по сторени кривични дела од таа област. МВР презема мерки и активности за утврдување на точниот идентитет на снимката и на учесниците во неа, како и за понатамошно расчистување на настанот“,соопшти МВР.

Тинејџерот под псевдонимот „џељокинг2020“, на социјалната мрежа „тик-ток“ објавил видеа како со запалка потпалува грмушка по што настанува пожар. Снимката наиде на жестоки реакции во јавноста

Back to top button
Close