Полицијата во Бразил спречи бомбашки напад планиран за време на концертот на Лејди Гага

Бразилската полиција соопшти дека спречила бомбашки напад планиран за концертот на Лејди Гага на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро.

На концертот присуствуваа околу 2,1 милиони луѓе, објави „Скај њуз“.

Заговорот бил оркестриран од група која промовирала говор на омраза и радикализација на тинејџерите, вклучувајќи самоповредување и насилна содржина како форма на општествена припадност, соопшти Граѓанската полиција на Рио де Жанеиро, која работела во координација со Министерството за правда на земјата.

„Осомничените регрутирале учесници, вклучувајќи и малолетници, за да извршат координирани напади. Било планирано да користат импровизирани експлозиви и молотови коктели“, соопшти полицијата.

Министерството за правда соопшти дека регрутерите се претставиле како обожаватели на Гага, познати како „Мали чудовишта

Back to top button
Close